Концерт на хорот „Драган Шуплевски“ при ФМУ – Скопје

По големата смена на генерации и по успешното продолжување на претставувањето на меѓународната сцена, хорот „Драган Шуплевски“, под диригентство на професор Сашо Татарчевски, најави концерт во Скопје.

Концертот е со наслов „Нови почетоци“, а ќе се одржи на 1 јуни, со почеток од 20:30 часот во фоајето на Македонската опера и балет.

Притоа ќе бидат изведени дел од композициите со кои хорот успешно настапи на еден од најсилните натпревари за хорска музика годинава – „Мајски хорски конкурс“ во Варна, Бугарија. На програмата се дела од Деринг, Донато, Да Ролд, Пуланк, Стопфорд, Танев, Дубра, Матсушита, Денев, Јеило, Смит и Шуплевски.

Влезот е слободен.