Концерт на 23 декември во чест на Тамара Тодоровска

„Пешачкиот премин е за слободно минување, не за смрт!“ е мотото на најавениот концерт на 23 декември, од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ). Настанот се организира во чест на 19-годишната Тамара Тодороска, која беше прегазена од мотор во Драчево.

Организаторите се надеваат дека со овој настан, со концерт на денот на нејзиниот 20-ти роденден, ќе опфатат дел од нејзините идеали и ќе го продолжат нејзиното дело да помогнат некому. Поради професијата што одлучи да биде нејзина животна определба (дефектологија), да помага на децата со посебни потреби, средствата од овој концерт ќе бидат наменети во тие цели.

На концертот ќе свират „Fiction“, „Man in a Suit“, „Nova Generacija“, „M. Dancev & Band“,, „Desease“, „Morfej“ и „TV Rage“.

„Картата на концертот ќе биде симболична од 100 денари. Сите средства ќе бидат донирани во организацијата која што се грижи за дечиња со посебни потреби „Blue Firefly”. Дојдете во што поголем број на 23 декевмри во Младински Културен Центар – Хол на кино ’Фросина’“, стои во најавата за настанот.