Компјутерите би можеле да ги препознаат и човечките емоции

Постои едно подрачје во кое компјутерите не го надминаа човечкиот мозок: емотивната интелигенција. Меѓутоа, според последните истражувања, компјутерите би можле во иднина да препознаваат и човечки емоции во зависност од начинот на кој се пишува на тастатурата – концепт наречен сингуларност.

Компјутерите на праг да ги препознаваат човечките емоции

Според Live science, во една нова студија истражувачите прашале мала група на луѓе да запишат текст со седум емотивни состојби: радост, страв, гнев, тага, гадење, срам, вина.

– Ако можеме да изработиме кој било систем доволно интелигентен за интеракција со луѓето кои вклучуваат емоции, т.е.може да ги детектира емоциите и да го променат своето однесување во согласност со тоа, тогаш користењето на компјутерите би било многу поефективно и попријателски – велат истражувачите од Исламскиот Универзитет за технологија во Бангладеш.

Истражувачите забележале дека системите кои детектираат чувства можат да се користат во апликации како онлајн учењето. Онлајн системот за учење со емоционална интелигенција може да го менува својот изглед, стилот на подучување или контекстот на лекциите, па така подобро да се прилагоди кон емотивната состојба на ученикот, пренесе А1он.