Компанија во Сан Франциско прави гитари од стари скејтборди

Nick Pourfard е 22 годишен уметник, музичар и скејтер кој во моментов ги спојува сите свои таленти во еден пакет – прави гитари од стари скејтбоди.

Неговата компанија има седиште во Сан Франциско, а гитарите се изработуваат во рамки на проектот „Prisma Guitars“.

Секој инструмент е 100% рачно изработен од стари или  скршени скејтборди.

Недамна Pourfard ја имаше честа да направи оригинална гитара за Steve Harris од Iron Maiden.