Компанија им дозволува на децата сами да си ги креираат алиштата

Џејми Њубери, мајка на две деца, добила идеја да ѝ сошие на ќерка си фустан кој самата го дизајнирала. Фустанот бил толкав „хит“ меѓу другарките на ќерка ѝ и нивните родители, што Њубери одлучила да започне компанија која ќе произведува облека направена по желба на децата.

Именувана „Picture This“, компанијата на Њубери им овозможува на децата да ги претворат своите цртежи во облека која можат да ја носат.