[Колумна] Кога профитот е најважен!

Кога парите се пред се, кога човечкиот живот е помножен со нула, кога некој дозволува геноцид врз својот народ, труејќи го со тешки метали, тогаш некој (секој) мора да преземе барем нешто ситуацијата да се промени. Фабриката Железара, поточно Макстил е главниот виновник за нарушеното здравје на скопјани.

Колумна

Главниот виновник е што децата од околните населби на фабриката секојдневно дишат црни облаци исполнети со канцерогени честички. Зашто се молчи за еден ваков проблем, за еден монструм кој бавно, но сигурно ни ги одзема животите? Дали надлежните институции навистина неможат да преземат ништо и дали навистина важи она старо правило „каде што има сила ,нема правдина”?

[Колумна] Кога профитот е најбитен!Ние засегнатите жители кои неколку месеци се бунтуваме против одземањето на нашето, со устав загарантирано право на здрава животна средина, прашуваме до кога ќе мораме да го трпиме ова зло, до кога ке се пролонгираат роковите за воведување на еколошки стандарди, знаејќи дека истите требало да бидат воведени многу одамна…

Гневни и револтирани од ваквата ситуација, ние жителите на најзагадените подрачја во Скопје, решивме да пробаме колку можеме да допреме до оние на кои очигледно не им пречи што со години не можат да отворат прозор и да проветрат, тоа што испраните алишта за миг им се црни , што трпат проблем од вакви размери. Почнувајќи на клупите во маало, продолжувајќи на социјалните мрежи, идејата за протести против загадувањето на Скопје почна да се шири, по што за кратко време го направивме и првиот протест  – токму по истекот на крајниот рок кој Министерството за животна средина им го постави на главните загадувачи, во случајов Макстил.

10537755_713676392003204_6882394338519446623_nЗа една идеја да успее, за еден проблем да се реши, треба да се има подршка најпрвин од медиумите, кои за жал не се заинтересирани или не смеат да се инволвираат и да пренесат дека во Скопје некој решил да се бори за воздухот кој сите го дишеме. Подршка треба и фали и од нашите сограѓани кои исто така свесно не се инволвираат во решавање на ситуацијата во која сме, дали од сопствени убедувања дека не може да се смени ништо, дали уценувани дека ќе ја загубат и онаа егзистенција која ја имаат, а некои просто и гледаат на животот, од ден за ден.

Пробуваме да ја кренеме свеста на малку повисоко ниво, се трудиме и нема да престанеме да го правиме тоа, постојано смислуваме начини како најдобро да допреме до народот. Не оди лесно, но што е тоа е, на нас е иднината, а ваква како што е сегашноста, не сакаме да биде. Овие од прилика три месеци направивме десетина протести, на некои бевме помалку, на некои повеќемина, но барем успеавме да не чујат… колку толку. Скопје и официјално е втор по ред најзагаден град во Европа, еднаш после Сараево , резултатите од мерењата се катастрофално поразителни и редно е ова зло кое ни се нанесува да престане.

[Колумна] Кога профитот е најбитен!

Уште колку луѓе треба да заболат од канцер за некој реално да преземе нешто,а не како досега да се задоволува нечиј апетит со изречени парични казни на сметка на нашите животи. Го повикуваме овој народ да се освести и да ги земе работите во свои раце, да не чекаат проблемот да се реши сам, да не веруваат во лагите на оние на кои лагата им е професија. Решението на секој проблем е во наши раце, притисок мора да се врши до крај, додека со свои очи не видиме, додека со свои гради не осетиме дека дишеме здрав воздух. Да создадеме здрава животна средина каква што заслужува секое едно битие на оваа планета, да мислиме на нас, но и на нашите поколенија. Заедно сме посилни,заедно ќе успееме во се!

Кристијан Узунов, еден од учесниците во низата протести во скопска Железара