Колку ученици просечно има во една паралелка

Институтот за економски истражувања и политики Finance Think подготви визуелен приказ на просечната бројка на ученици во паралелка во одредена општина.

Па така, најголем број на основци во просечна паралелка имаат скопските општини Шуто Оризари, со 34 ученици, и Центар, со 24 ученици, додека најмалку ученици има во паралелките во Маврово и Ростуша, и во Дебарца, каде има дури и помалку од десет ученици.

Овие податоци, преземени од Државниот завод за статистика покажуваат дека на ниво на Република Македонија, во просек, една паралелка има 18 ученици, додека на ниво на Скопје има 23.

Како што соопштуваат од Институтот, подготовката за оваа публикација е овозможена со поддршка од Британската амбасада во Скопје, во рамките на проектот FISCAST+: Фискалната транспарентност и одговорност ги подобрува политиките во областите на квалитетот на живот, образование и здравство.

via GIPHY