Кој ти кажа дека не смееш – Работилница за средношколски права

Иницијативата „Млади за Ѓорче“ организира отворен настан за средношколци кои сакаат да научат кои се нивните права. Настанот ќе се одржи во недела, 2 јули, во поранешното кафуле „Ст. Мартин“. (мапа)

„Кој ти кажа дека не смееш? Дали ги знаеш своите права како средношколец? Дали има манипулации во средните училишта? Дојди на 2 јули во Ст. Мартин и дознај повеќе за твоите права,за тоа како да ги препознаеш и избегнеш манипулациите“, стои во најавата за настанот.

Говорници се Душко Стојановски, професор по македонски јазик и литература во средното училиште „Орце Николов“), Мила Басаровска, ученичка во средното училиште „Никола Карев“ и Александра Филипова, учесник во Средношколскиот пленум.