Книжевна вечер „Јас, Квентин Скриблер…и Вие“ во Скопје

Книжевна вечер и поетско читање по повод книгата „Јас, Квентин Скриблер“ од Јосип Коцев ќе се одржи утревечер (7 октомври) во „Децата од нашата улица“ во скопско Дебар Маало.

„Quentin Scribbler се роди пред седум години. Растеше во лакримариумот што го наполнија неколку искршени порцелански души, нахранет со нивните надежи дека зборовите ќе ги исцелат и тие одново ќе бидат составени. Никој не веруваше дека ќе преживее. Оние што попатно застануваат да го впијат доброто од светот заразен со болка и разочарувања, секогаш се брзо прегазени од забрзаната врвулица што ита кон замислените, лажни врвови… Но тој преживеа…“

Стиховите собрани во текот на седумгодишното творење на авторот на блогосферата и социјалните мрежи ќе ги читаат:

Ѓоко Здравески
Снежана Стојчевска
Дарко Лешоски
Ана Голејшка
… и секој што ќе пројави желба да излезе и да си го прочита тоа што му легнало на душа.

Модератори на вечерта: Билјана Дебарлиева и Драги Павлевски