Книжарницата Табернакул престанува со работа

Книжарницата Табернакул, која се наоѓа во центарот на Скопје, преку својата веб-страна и социјалните мрежи објави дека од 29 октомври престанува со работа.

Како што не информираа, се работи само за затворање на книжарницата, додека останатите дејности на оваа издавачката куќа продолжуваат да функционираат и понатаму.

Во кратката информација Табернакул се заблагодаруваат на читателите и посетителите за лојалноста во изминатите години, додавајќи дека и понатаму остануваат во функција телефонот и мејл адресата за сите барања и информации од нивните читатели.

Табернакул е првата приватна издавачка куќа во Македонија, основана 1989 година. Книжарницата имаше помеѓу 10 и 15 илјади наслови.