Ќе се забранува користење телефони во француските училишта

Франција од следната година на основците и средношколците ќе им забрани користење мобилни телефони на училиште, најави министерот за образование Жан Мишел Бланкер.

Забраната, како што е најавено, ќе стапи на сила на 3 септември 2018 година. Притоа, учениците ќе можат да носат мобилни телефони на училиште, но нема да бидат кај нив, туку во плакарчињата. Тој додаде дека телефоните може да им бидат достапни во итни ситуации или за наставни цели.

Францускиот синдикат на наставници смета дека ќе биде „исклучително тешко“ да се примени таа мерка.