Кинез казнет за цртање сопствена патна сигнализација бесен од сообраќајната гужва

Човек од Кина е казнет откако бил уловен на безбедносни камери како црта сообраќајна сигнализација со цел да си го поедностави секојдневното патување до работа.

Кинескиот весник Модерн Експрес информира дека 28 годишниот Цаи, од источниот град Лианјунганг, во провинцијата Џангсу, бил казнет со 150 долари. Тој бил уловен на камера како, со кофа бела боја, црта нови патни насоки за да го пренасочи сообраќајот. Откако бил фатен од полицијата, неговото објаснување било дека тоа го прави поради фрустрациите од долгите застои при секојдневното одење на работа со автобус.

„Забележав дека лентата за право е секогаш преполна со автомобили, додека лентата за лево има многу простор. Мислев дека ако ја променам сигнализацијата, тоа ќе го олесни моето одење на работа“, рекол тој на полицијата, пренесува ББЦ.

Од сообраќајната полиција за Модерн Експрес изјавиле дека однесувањето на Цаи било „многу опасно“ и можело да резултира со судари. По овој настан работници го прецртале патот.

Ова не е прв пат некој во Кина да ги користи уметничките и занаетчиските вештини за да измисли нивни сообраќајни правила.

Во мај, возач во источен Жеџијанг бил казнет откако бил фатен на безбедносна камера како со креда црта сопствен паркинг простор на пат.