Кинескиот ѕид исчезнува – тулите се крадат за изградба на куќи

Околу 30 отсто од Кинескиот ѕид исчезна со текот на времето, дел поради лоши временски услови, но дел поради несовесни човечки активности, вклучувајќи кражба на тули за изградба на куќи, пренесуваат домашните медиуми.

Големиот ѕид се протега на илјадници километри поделен на делови, од Шангај до пустината Гоби. На одредени места е толку дотраен што проценките за неговата вкупна должина варира од 9 000 до 21 000 километри, во зависност од тоа дали се опфатени делниците кои недостасуваат.

Изградбата првпат започнала во третиот век пред нашата ера, но речиси 6300 километри се изградени во времето на династијата Минг во 1368-1644, вклучувајќи ги и често посетените места северно од главниот град Пекинг.

Според Пекинг Тајмс, речиси 2000 километри исчезнале со текот на вековите. Некои од изградбите издржале, додека растенијата во ѕидовите забрзано се распаѓале, се вели во истражувањето спроведено мината година од „Great Wall of China Society“.

„И покрај тоа што некои од ѕидовите се градени од тули и камења, тие не можат да издржат трајни изложувања на ветер и дожд. Многу кули стануваат се повеќе нестабилни и можат да пропаднат при дождовна бура преку лето“, вели Dong Yaohui, заменик-претседател на друштвото.

Туризмот и активностите на локалните жители, исто така, се штетни за најдолгата човечка градба во светот.

Сиромашните селани во округот Лулонг, во северната провинција Хебеј користеле дебели сиви тули од ѕидот за да ги изградат домовите, додека плочите гравирани со кинески обележја, локалните жители ги продавале за 30 јуани (4,80 долари) од парче.

Според прописите, луѓето кои земаат тули од Големиот ѕид може да бидат казнети со парична казна од 5000 јуани, иако не постои специфична организација која ги спроведува правилата.