Кинеската полиција користи очила за идентификација на лица

Кинеската полиција почна да употребува темни очила што детектираат лица.  Очилата се со вградена камера поврзана со уред сличен на смартфон, при што полицајците можат да ги фотографираат сомнителните лица и да ги споредуваат со базата на податоци во централното седиште.

Со оваа апликацијата тие можат да пристапат до лични податоци за осомниченото лица, името, етничката припадност, полот и адресата. Истовремено им дава информации за тоа дали осомничените се во бегство, адресата на хотелот каде што престојуваат и кога користеле интернет.

Оваа технологија помогнала да се приведат седум осомничени лица обвинети за криминални дејства од трговија со луѓе, до сообраќајки во кои прегазиле и побегнале. Системот е дел од пошироките напори на Кина да изгради систем за дигитално набљудување за да го следи движењето на населението.