Каталонскиот парламент прогласи независност од Шпанија

Регионалниот парламент на Каталонија изгласа прогласување на независност од Шпанија, на истиот ден кога шпанската влада одлучи да воведе директно владеење и укинување на владата на провинцијата.

Одлуката ја поддржаа 70 пратеници, а против гласаа само 10. Гласањето го бојкотираа пратениците на три опозициски партии.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој претходно изјави дека е потребно директно владеење за да се врати „правото, демократијата и стабилноста“ во Каталонија.

Кризата започна кога Каталонците го поддржаа прогласувањето независност на нелегален референдум на почетокот на месецов, на кој шпанската полиција одговори со бруталност и прекумерно насилство.