Каталонија ќе прогласи независност до 2017 година

Регионалниот парламент на Каталонија соопшти дека од денеска официјално ќе започне процедурата за отцепување од Шпанија. Регионот планира да прогласи независност до 2017 година. Одлуката за отцепување поминала со 72 гласа „за“ и 63 „против“.

Гласањето го предложиле каталонските партии кои се за независност, а кои победија на локалните парламентарни избори во септември. Тие се надеваат дека северниот регион на Шпанија ќе се оддели во наредните 18 месеци.

Партиите гласаа за резолуција со која се повикува на законска регулатива, во рок од 30 дена да се започне со безбедноста и трезорскиот систем за социјално одвојување од Шпанија. Резолуцијата е поддржана од каталонските партии „Заедно за да“ и Популарната кандидатура за единство.

Според резолуцијата, која беше доставена до регионалниот парламент, стои „демократскиот мандат основан на резултатите од изборите на 27 септември, е во насока на создавање независна суверена каталонска држава…“

Исто така, резолуцијата повикува на „отворен, инклузивен, активен граѓански процес со цел да се изгради основа за идниот каталонски устав“.

Меѓутоа, властите во Мадрид предупредија дека ќе се обратат до Уставниот суд во рок од една недела ако успее гласањето. Шпанскиот премиер Мариано Рахој изјави дека референдумите за независност, како и други чекори за отцепување се вонуставни, а со тоа и нелегални.

Каталонија и покрај тоа што е само 16 отсто од територијата на Шпанија, претставува најбогатиот регион со 20 отсто учество во бруто домашниот производ. Голем број каталонци сметаат дека остатокот од шпанската нација живее на нивен економски товар. Желбата за независност се интензивираше во последниве години, поради економската криза.