Карнизам: Зошто сакаме кучиња, јадеме свињи и носиме крави

Сте се запрашале ли некогаш зошто сакате да ја галите вашата мачка, но од помислата да ја јадете ви се превртува во стомакот? Зошто ако таа беше крава, веќе ќе беше мртва во вашиот фрижидер и наменета за вашата вечера?

Одговорот според д-р. Мелани Џој, професорка по психологија и социологија на Универзитетот во Масачусетс, Бостон, е карнизмот. Таа го создаде овој поим за да опише систем на верувања кој според неа убеди многумина од нас дека прифатливо е да се јадат некои животни, а да се гадиме од други – иако тие имаат речиси иста анатомија. Луѓето што јадат месо и оние кои конзумираат производи од животни, вклучително и вегетарјанците, користат ткн. три „н“ оправдувања – нормално, природно и потребно – за да го објаснат нивниот лицемерен однос.

Тоа е тотално арбитрарен систем, вели таа, кој го нагласува фактот дека коњите што се јадат во Франција и кучињата во некои делови од Јужна Кореја и Кина, никогаш нема да бидат видени на мени во Велика Британија.

Според Џој, не постои етички начин да се јаде место или да се конзумираат животински производи. Етичката нерамнотежа на карнизмот исто така ја потхранува неправдата во однос на раса, род и сексуалност. Ако можете да опресирате живи суштества, наскоро тие чувства на супериорност ќе бидат насочени кон други луѓе, смета таа.

Индепендент направи интервју за нејзината идеја и зошто таа верува дека повеќето луѓе на крајот ќе станат вегани.

Вие сте веган од 1989 година, кога добивте труење од бургер. Раскажете ни за вашето патешествие. 

Јас станав вегетарјанка во 80-тите кога тогаш немаше многу свест за веганството. Луѓето мислеа дека сум луд хипик што сака животни, а всушност бев само вегетарјанка. Неколку години подоцна станав веган. И како многу други вегани, јас не можев да ја најдам врската помеѓу животинските производи и суровоста бидејќи е невозможно хипотетички да набавите јајца и млечни производи без да им наштетите на животните. Па така, јас сметав дека не им предизвикуваат болка и бев зависна од млечни производи.

Но, сфатив дека индустријата за јајца и млечни производи е брутална и одвратна. Не можев да продолжам да го поддржувам тоа. Но, луѓето гледаа во мене како да имам две глави. Сега е многу попопуларно, иако се уште сме стереотипизирани и има многу погрешни сфаќања. Мајка ми мислеше дека нема да го доживеам мојот 30-ти роденден. Таа сега има 74 години и само што стана веган.

Вие пишувавте како карнизмот е поврзан со повеќе идеи за социјална правда, како феминизмот. Ќе сакате ли да го објаснете тоа? 

Тие се одржуваат преку две работи: потврдуваат митови кои го одржуваат доминантниот систем жив и создаваат митологија која се легитимира. Луѓето користат одбранбени механизми кои јас ги нарекувам три „н“. Тие се обидуваат да го поништат контра системот со убивање на гласникот, кој во случајот е веган. Мојата работа навлегува во психологијата за опресивност и како доминантниот систем на верување е организиран околу угнетување и концентрирање моќ во група, на сметка на другите.

Начинот на кој е одржан е преку продолжување на поширок наратив што го потврдува. Овие опресивни и доминантни системи на верувања ги условуваат луѓето да делуваат против нивните основни вредности за сочувство и правда, и да се одделат од нивната природна емпатија. Карнизмот зависи од одржување на митологија за веганизмот и веганите и главниот мит е дека веганизмот не е нормален, неприроден и непотребен. Но, вредностите на веганите се сите наши вредности, и повеќето луѓе не сакаат животните да патат толку интензивно и непотребно. Повеќето луѓе би биле длабоко навредени ако беа свесни за животинската индустрија и како карнизмот го обликува начинот на кој дејствуваме против она што нормално би се спротивставиле.

Пред неколку месеци, рекламата на KFC (Kentucky Fried Chicken) предизвика револт бидејќи покажуваше кокошка која оди низ магацин со слоганот „кокошката, целата кокошка и ништо освен кокошката“. Дали сметате дека ова покажува оти луѓето се навредени од каде доаѓа нивната храна?

Апсолутно. Тоа што луѓето препознаваат дека е одвратно е многу добар знак. Покажува дека нашата совест се менува. Јас живеам во Берлин, а сум од Америка, и кога сум во Велика Британија и велам дека сум веган, луѓето велат ‘затоа изгледаш толку млада и здрава’ или ‘тоа е супер, но јас не би можел/а да го направам тоа’. Перцепциите се менуваат. Се повеќе луѓе препознаваат дека не мора луѓето да јадат животинско месо и кога ќе го тргнеме оправдувањето за јадење животни, овој избор носи нова етичка димензија.

 Што им велите на луѓето кои веруваат дека јадењето животни е погрешно, но тешко им е да се откажат?
Во мојата книга јас зборувам за нешто што се вика сојузници на веганите. Пораката за веганизмот отсекогаш била ‘ти си проблем, или решение’, што ги ограничува способностите на 99 отсто од луѓето за да ја поддржат каузата. Важно е да се гледаат карнизмот и веганизмот на спектар.
Повеќето луѓе не стануваат вегани преку ноќ. Охрабрувањето на луѓето да станат сојузници на веганите значи дека тие ја поддржуваат каузата, но се уште не се вегани поради некоја причина. Некои од луѓето кои најмногу направиле за каузата се новинари кои ме интервјуирале и имале милиони прегледи на приказните, или луѓето кои донираат за да продолжи нашата работа во „Надвор од карнизмот“. Сојузник е личност која го користи нејзиното влијание за да помогне да се трансформира карнизмот.
Јас обично им препорачувам на луѓето што сакаат да ја намалат нивната вина да продолжат да живеат како веган што е можно повеќе. Што значи тоа, е различно за секој.
Дали мислиш дека луѓето некогаш ќе престанат да јадат месо целосно?
Како некој што ја проучувал социјалната промена и како психолог, ми се чини дека веганизмот ќе го замени карнизмот како доминантна идеологија во одреден период. Нема причина да претпоставуваме дека ќе се смени патеката. Прашањето не е ‘дали’, туку ‘кога’.