„Кармина Бурана“ вечерва во МОБ

По повод Денот на виното и вљубените, Македонската опера и балет вечерва ќе ја изведе популарната кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Режисер е Дејан Прошев, а диригент Иван Еминовиќ. Ќе настапат хорот и оркестарот на МОБ.

Солисти се Нада Талевска-Спасовска (сопран), Игор Дурловски (контратенор) и Горан Начевски (баритон).

„Кармина Бурана“ со пораката „Среќата да биде владетелка со светот“ со право ја нарекуваат кантата на 20 век. Овој пат, „Кармина Бурана“ ќе има специјално режирана концертна изведба, соопшти МОБ.