Канадска компанија нуди решение за зголемената побарувачка на винили

Купувањето винил плочи не изгледа како тренд кој ќе запре во скоро време. Постојана побарувачка резултираше со забавување на процесот на производство, а компаниите наидоа на проблем во справувањето со растечката побарувачка на винили. Канадска компанија во меѓувреме понуди решение за овој проблем.

Според бројките, продажбата на винили во САД достигнува нови рекорди. Асоцијацијата за музичко издаваштво на САД забележа продажба од девет милиони винил албуми во првата половина на 2015 година, во споредба со 14 милиони во текот на целата 2014 година. Лани СNBC објави дека во последно време продажбата на винил плочи во САД се врати на нивото од 1989 година, пред доминацијата на компакт дисковите што започна во 1990 година.

Еден од најголемите проблеми во оваа ситуација е фактот што машините за снимање на винил плочи се произведени пред неколку децении. Зголемената побарувачка, доведе до тоа на индустријата да и бидат потребни месеци за да ги задоволат потребите на нивните клиенти.

„Viryl Technologies“, канадска компанија, која со 1 милион долари беше поддржана од приватен инвеститор понуди решение за овој проблем. Тие планираат да ги пренесат своите преси за брзо снимање винили низ целиот свет, за околу 160.000 долари секоја од нив. Овој потег е реален, особено по објавувањето дека се отвора голема фабрика во Бразил. Се смета дека ваквиот потег ќе го зголеми производството на винил во земјата, особено кога фабриката ќе биде во можност да направи 140.000 машини за снимање месечно.

„Идејата е да и се помогне на индустријата да се ослободи од ова тесно грло”, вели Чад Браун, главен извршен директор на Viryl во интервју за The Global and Mail. „ Ние сме овде за да останеме. Ние нема да исчезнеме по една година “, додава тој.

Извор: Рulseradio