Како да го ограничете обемот на податоци што ги споделувате на Фејсбук

По скандалот со Фејбук минатата недела, во кој политичката компанија „Кембриџ Аналитика“ добивала приватни информаци на повеќе од 50 милиони Фејсбук профили, почнувајќи од 2014 година, за целите на претседателската кампања на Трамп, податоците што ги собира и користи социјалната мрежа се под лупа.

Корисници решаваат да ги исклучат своите профили, додека други се обидуваат да го ограничат обемот на информации кои компанијата и трети лица ги добиваат од нив.

„Кембриџ Аналитика“, имала пристап до локациите на корисниците, што тие „допаѓале“, како и други лични податоци, користејќи ги за да развие психографски профили на однесувањето на избирачите.

Во продолжение, неколку совети за поголема безбедност на податоците на Фејсбук:

Откажете ги дозволите за апликации на Фејсбук што не ги користите

Во денешно време е доста потценувачко апликации да ви бараат пристап до информации од вашиот профил. „Кембриџ Аналитика“, всушност, беше во можност да извлече голем дел од своите податоци од корисниците кои им дадоа дозвола на апликациите. Важно е да се следи се што сте овозможиле како податок и да ги откажете дозволите за оние кои веќе не ги користите. Можете да ги видите апликациите што сте ги дозволиле така што ќе го посетите менито за поставки (settings), а потоа од левата страна одбирате опција „app“.

Управувајте со вашите параметри за рекламирање

Во „settings“ посетете го табот „Adds“ и исклучете ги дозволите за информации. Фејсбук може да ги користи информациите за реклами, како што се статусот на врска или работното место. Чекор понапред е да ги остранете информациите што сте ги оставиле за вашите интереси што Фејсбук ги собира од вашиот профил, исто така, за рекламирање.

Променете ја приватноста на објавите

Можете да контролирате кој смее, а кој не да ја види вашата активност на Фејсбук преку опцијата „Privacy“ во „Settings“. Со тоа ограничувате кој може да ги гледа вашите мислења, листа на пријатели, телефонски број и други детали. Од „public“ може да го промените во „пријатели” („Friends“) или „само мене” („Just me“), освен ако не постојат одредени информации што сакате да им бидат достапни на пошироката јавност. Мудро е да ја исклучите функцијата што им овозможува на пребарувачите да ја наведат врската до вашиот профил, што можете да го промените на дното на страницата. Ако сакате повеќе да ги проучите вашите активности во минатото, треба да отидете во „Activity log” што е достапно во горниот десен крај од профилната страница.

Дополнително, ако ја имате апликацијата на вашиот телефон, важно е да ги проверите поставките за „Location Services“ на уредот и да осигурате дека Фејсбук има пристап до вашата локација само „додека го користите” или „никогаш”.

Користете прелистувач што спречува мониторинг

Прелистувачите, како што се Firefox и Safari, имаат функции за заштита од интелегентни следења кои го отежнуваат пристапот до Фејсбук, Гугле и други пребарувачи за да ги задржат „табовите“ откако сте ги оставиле нивните домени преку употреба на реклами и колачиња. Осигурајте се дека вашиот прелистувач има таква функција и дека сте го вклучиле.

Спроведете „Проверка на приватноста” („Privacy Checkup“)

Можете да кликнете на иконата во форма на прашалник на горниот десен агол на „интерфејсот“ на Фејсбук за да направите сеопфатно истражување за тоа што се споделува преку вашиот профил. Освен што ќе ве води низ управувањето со поставките за приватност за апликации и мислења од трети страни, прегледот, исто така, ви овозможува да ги испитате информациите во делот „За мене” во вашиот профил. Од таму, можете да одлучите кои детали сакате да бидат јавни и дали воопшто сакате одредени информации да постојат на платформата.