„Каде се младите во Тетово?“ – промоција на документарно-репортажен филм:

Вечерва (31 март) со почеток во 19:00 часот во просториите на Младински образовен форум – Тетово ќе биде прикажан документарно-репортажниот филм: „Каде се младите во Тетово“. Филмот е производ од двомесечните работилници на кои членовите на медиа/арт клубот на МОФ работеа на модулот „документарен филм“.

Целта на филмот е подигање на свеста на младите за стандарди кои се важни за нивниот живот и за проблемите кои ги засегаат во градот. Во филмот се обработуваат теми поврзани со недостатокот од културен живот на младите во Тетово, неквалитетен ноќен живот, немање на соодвветни услови за спорт и рекреација. По проекцијата на филмот ќе биде отворена дискусија поврзана со проблематиката на филмот. Модератор на настанот ќе биде професорката Наташа Петровска.