Јутјуб во борба против педофилите – избриша 150.000 видеа со деца

Од Youtube соопштија дека од своите сервери избришале 150.000 видео снимки од деца на кои имало непримерни коментари, па дури и педофилски коментари.

Поради таквите коментари, повеќе компании кои што се рекламираат на каналот, одлучиле своите реклами да ги повлечат од овој видео сервис.

Покрај бришење на видеа, Јутјуб забрани и коментари на над 625.000 видеа.

„Во изминатата недела отстранивме реклами од речиси 2 милиони видеа и преку 50 000 канали маскирани како семејно пријателска содржина“, велат од компанијата.

„Содржината што ги загрозува децата е одвратно и неприфатливо за нас“.