Just eat it – документарна вечер во „Ајде Македонија“

Во просториите на еколошката организација „Ајде Македонија“ во петок, ќе се одржи проекција на документарниот филм „Just eat it“.

Овој документарец е направен од двајца млади луѓе (Џен и Грант од Северна Америка), кои се решени дека сакаат да го спасат остатокот од храна, кој завршува во депонија. Преку снимањето на овој филм, тие откриваат новости кои се вчудовидувачки и кои дотогаш не ги знаеле.

„Сите ние сакаме храна. Како општество, секојдневно следиме илјадници кулинарски емисии, блогови за храна и кулинарски списанија. Но, дали е можно речиси 50% од храната која се произведува да ја фрламе во отпад? “, стои во описот на настанот.

Документарецот ќе биде презентиран на англиски, а отворената дискусија ќе се одржи на македонски јазик, или англиски по потреба и преференца. Организаторите велат дека се добредојдени вегански закуски (со избегнување на амбалажа за еднократна употреба) за споделување со групата.