„Just don’t do it“ – студенти смислуваат слоган за Хрватски железници

Компанијата Хрватски железници – патнички превоз ги повика студентите во земјата да осмислат најкреативен слоган врзан со железничкиот сообраќај кој ќе биде користен во промотивни цели. Слоганот мора да биде краток, јасен и лесно да се помни, а да асоцира на воз, железница, патување, патници и слично, стои во повикот.

ХЖ бараа од студентите своите предлози да ги испратат преку електронска пошта, за што нудат и награда, но она што можеби не го очекуваа е дека хаштагот #HŽslogan ќе стане апсолутен хит на Твитер. Еве неколку од предлозите што ги објавија хрватските медиуми:

Кој рано рани, сеедно, со нас ќе доцни.

Што е ХЖ без доцнење?

Just don’t do IT.

Затоа што поспоро не може.

Пат околу Хрватска за 80 дена.

Одите на одмор? Поминете го половина во нашите возови.

Кога доцните на воз, ние доаѓаме на време.

ХЖ – со нас и најкраткиот пат трае подолго.

Додека чекате воз, напијте се кафе, јадете, погледајте филм или завршете факултет.

Дојдов, чекав, си поседев.

Поради нас Шелдон Купер не ги сака возовите.

Животот ви лета брзо? Нема проблем, патувајте со ХЖ.

ХЖ – затоа што времето е релативно.

Извор