Јубилејна изложба „Чиста десетка“ во КИЦ

Утре со почеток во  20.00 часот, во Културно-информативниот центар – Скопје ќе се отвори јубилејната Годишна изложба на Факултетот за арт и дизајн „Чиста десетка“. Изложбата ќе ги прикаже најновите остварувања на студентите од изминатата академска година, но истовремено ќе ја потсети јавноста и на проектите и остварувањата на студентите од изминатите 10 години постоење на Факултетот.

„Секоја година, Факултетот за арт и дизајн организира годишни завршни изложби на кои студентите растат, се развиваат и утврдуваат до каде се во саморазвојот. Оваа година ја прославуваме десетгодишнината од формирањето на Факултетот за арт и дизајн.

Идејата беше да се започне македонска дизајнерска едукативна приказна која ќе создава услови за креирање на македонски дизајнерски идентитет. Десет генерации на студенти, модни дизајнери, графички дизајнери и дизајнери на ентериер, со својот професионален пристап, денес генерираат македонска креативна приказна која се испреплетува во сите нивоа на општественото делување“, се вели во соопштението.