ЈСП најавува казни за патници кои ќе даваат и земаат искористен билет

ЈСП билетЈСП -Скопје ги пријави организаторите на кампањата „При излегување од автобус дајте го искористениот билет на тој што влегува“ во Министерството за внатрешни работи.

Од претпријатието соопштуваат дека патниците кои учествуваат во оваа кампања, односно кои го предаваат својот билет на друг граѓанин за да го продолжи возењето во истиот автобус, може да бидат казнети од контролорите на ЈСП Скопје.

Се најавуваат и засилени контролите, а контролорите ќе ги казнуваат  патниците кои даваат и патниците кои земаат искористени билети. Висината на казните за овој случај не се наведува, но патувањето без билет се казнува 1.000 денари на лице место, или 50 евра во прекршочна постапка.