Јавен повик за волонтерски награди 2017

Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) по повод 5 декември Меѓународниот ден на волонтерите по дванесетти пат ги доделува Националните волонтерски награди во Македонија.

Тие упатуваат јавен повик до сите граѓански здруженија, фондации, неформални групи, локални самоуправи, јавни институции, државни органи и други организатори на волонтерска работа да предложат волонтери/ волонтерски иницијативи/ волонтерски програми за Златен сертификат за волонтерство за 2017 година.

 

Предложените волонтери/ волонтерски иницијативи/ волонтерски програми треба да ги исполнуваат следните услови:

– Иницијативите/ програмите да се реализирани во Република Македонија
– Предложените волонтери да се граѓани на Република Македонија
– Да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман и во промоција на волонтерската работа во текот на 2017 година

Од МКЦ Битола бараат за сите предложени волонтери/ иницијативи/ програми се испрати кратко образложение (до максимум 200 зборови) зошто треба да го добијат признанието (со краток опис на волонтерскиот ангажман/ програма и контакт податоци на волонтерот или волонтерската иницијатива/ организација).

Краен рок за доставување на предлозите е (четврток) 30 ноември 2017 година до 16.00 часот на следната е-маил адреса: mkcbt@t.mk со назнака: Златен сертификат 2017.

Наградените ќе бидат известени до понеделник 4 декември 2017, а јавно ќе бидат објавени во вторник на 5 декември 2017 година.