Јапонски воз лае како куче за да ги исплаши елените

Јапонските истражувачи опремија воз кој лае како куче и бревта како како елен, со цел да се спречат инциденти на пругите.

Медиумите во Токио објавија дека комбинацијата на звуци е дизајнирана за да ги исплаши елените на шините и да го намали бројот на смртни случаи на животните на железничката пруга.

Официјални лица од Институтот за технички истражувања на железници (RTRI) велат дека звукот од три секунди со бревтање на елен,  го привлекува вниманието на животните, по што следи 20 секунди лаење на кучето, кое е доволно за да натера ги направат да избегаат.

Истражувачите од Институтот велат дека тестовите во доцните вечерни часови, во време кога елените се собираат околу железничките пруги, резултирале со преполовување на бројот на елени. Доколку се докаже дека се ефективни, идните планови вклучуваат воведување на овој метод каде што најчесто се среќаваат елени, но не и на места каде покрај шините живеат луѓе.

Елените се привлечени од железничките пруги поради потребата од железо во нивната исхрана. Тие ги лижат шините за да ги соберат остатоците од  железо, предизвикани од дејството на тркалата на шините, велат истражувањата. Оваа нивна потреба доведе до постојана битка како да се задржат елените подалеку пругите. Претходните планови кои вклучуваа и прскање на фекалии од лав на шините беа напуштени поради тоа што лесно се измиваа од  дождот.

Јапонското министерство за транспорт соопшти дека во 2016 година имало рекордни 613 инциденти на железницата поради елени и други диви животни, што резултирало со доцнење од 30 минути или повеќе за патниците во железницата.