Јапонски уметник претвора телевизори во инструменти

Вентилатор или тевелизор, на Еи Ваду му е сеедно, бидејќи од нив тој успева да направи музички инструменти.

Роден во 1987 година, овој уметник ги поместува границите со користење стари електрични уреди претворајќи ги во рачно контролирани инструменти. Во 2009 година тој ја основаше групата Open Reel Ensemble во која тој манипулира и управува со магнетофони.

Ваду се занимава и со интересни изложби и инсталации, а повеќе за него и неговите проекти може да се дознае на неговата веб-страница.