Изложби, монодрама и дебата на „Текстилијада“ во Штип

Под слоганот „Култура за, култура со, култура од текстилните работници/чки“ на 15 и 16 декември во Штип ќе се одржи настанот „Текстилијада“ на кој се предвидени изложби, филмски проекции, дебати и театар за промоција на правата на работниците од оваа индустриска гранка.

Организатори на дводневниот настан се здружението „Гласен Текстилец“ и Културно уметничкиот центар – Текстил во партнерство со здружението „Факултет за работи што не се учат“, а поддржани од Фридрих Еберт – Скопје и Министерството за култура.

Целосната програма и местата на одржување на настаните можете да ги најдете ОВДЕ.