Изложба во Тетово: „Дај им нов живот на старите материјали“

Медиа/Арт клубот на Младински образовен форум од Тетово и Центарот за балканска соработка Лоја од Тетово, во сабота (30 мај), организираат изложба на изработени предмети од веќе употребени материјали. Целта на настанот е да се прикаже дека старите и неупотребливи материјали може да се употребат и да им се даде нов живот.

Изложбата е продукт од двомесечните работилници за реупотреблив дизајн каде што членовите имаа можност да ги изучат техниките за искористување на старите материјали и предмети. На неа ќе бидат изложени изработените торби, чанти, обетки, алки, футроли за мобилни телефони, украсни предмети.

Отворањето на изложбата насловена „ Дај им нов живот на старите материјали“ е најавено во 12 часот, во центарот Лоја.