Изложба на студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, студиската програма по графика и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, по 28-ми пат ја организираат изложбата „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“.

Изложба на студентска графика - Драгутин Аврамовски - Гуте

Овогодинешната изложба ќе се отвори во вторник (17 март) во 19.30 часот, во новоотворената галерија на Факултетот за ликовни уметности која се наоѓа во зградата на Факултетот за ликовни уметности и Педагошкиот факултет. Изложбата ќе биде отворена до 30 март.

Ќе бидат изложени графики на 41 студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Исто така ќе бидат изложени 11 плакати дизајнирани за овогодинешната изложба од страна на студентите од четврта година кои ја посетуваат наставата на модулот Графички дизајн.