Изложба на најдобри фотографии во Вес Андерсон концепт

Училиштето за мудрости и вештини, Никулец го организира „Вес фест“ – настан посветен на учесниците на конкурсот за најдобра фотографија во Вес Андерсон концепт.

Сите љубители на овој мајстор за извонредна филмска тага, ќе може да ја погледнат и изложбата на фотографии од учесниците на „Конкурсот за најдобра фотографија во Вес Андерсон концепт”.

По изложбата ќе се избира најдобрата фотографија од конкурсот и ќе следи филмска проекција и филмска музика, во амбиент инспириран од филмовите на Вес. Настанот ќе се одржи во четврток во 20:00 часот на улица Милан Марковиќ, населба Козле, број 26.