Изложба „Експериментален цртеж“ на 36 уметници

Во Домот на Културата „Кочо Рацин“ во Скопје ќе биде отворено 7-то издание на изложбата „Експериментален цртеж“ организирана од Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ).

Изложбата свечено ќе биде отворена во четврток, 15-ти октомври, од 20:00 часот во галеријата „КО-РА“, во рамки на Домот на Култура „Кочо Рацин“ во Скопје.

На неа ќе учествуваат 36 уметници, членови на Друштвото, меѓу кои Александар Јанкуловски-Цане, Мирослава Микица Трујкановиќ, Марија Светиева, Маријета Сидовски, Анѓел Димовски-Чауш, Јовица Мијалковиќ, Јана Манева-Чупоска и многу други.

Оваа изложба има за цел популаризација на цртежот како составен дел како од ликовната и применетата уметност, така и од театарската, филмската и видео арт уметоста, со што се потенцира значењето на овој изложбен концепт.

Преку него поттикнувачки се влијае на развојот на новите форми на цртежот создавајќи нов концепт кој целосно го напушта класичниот. Современиот цртеж ги користи и традиционалните техники, но и го проширува полето на истражување и експериментирање, притоа вклучувајќи ги сите негови радикални трансформации.

Сите љубители ќе може да ја посетат изложбата во периодот до 25-ти октомври.