Изгубени снимки од концерти на Боб Марли стари 40 пронајдени во подрум во Лондон

Изгубени снимки во живо од настапи на Боб Марли биле пронајдени во подрум од стар хотел во Лондон. Касетите се оригинални, висококвалитетни снимки од концертите на реге легендата во Париз и Лондон, меѓу 1974 и 1978 година.

Се верувало дека снимките се уништени, претежно поради оштетување со вода.

Марли, кој почина во 1981 година, денес требаше да наполни 72 години.

Сниките биле пронајдени во затворен хотел во Кенсал Рајс, северозападен Лондон, каде Боб Марли и Вејлерс престојувале за време на нивната европска турнеја во средината на 1970-тите.

Биле пронајдени кога Џо Гат, обожавател на Марли и лондонски бизнисмен, добил повик од пријател, кој ги пронашол за време на инспекција на инвентар во хотелот.

Од вкупно 13 ленти, 10 се целосно реставрирани, две биле празни, а една била сосема оштетена. Работата на нив траела една година, а чинела 31300 долари.