Иванов ги прекина сите кривични постапки против лица од власта и опозицијата

Претседателот Ѓорге Иванов поднесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата за, како што рече, зачувување на државните и националните интереси и ова го гледа како начин за излез од политичката криза.

Иванов,  истакна дека бил подготвен да ги поднесе сите критики кои по оваа одлука би стигнале на негова адреса. Одлуката да потпише аболиција за сите политичари против кои се води истрага, ја соопшти на прес конференција при што истакна дека бил убеден оти ова е исправна одлука.