Италија на учениците им дава 500 евра на 18-тиот роденден, за купување книги

Во обид да ги потсети младите луѓе дека културата го збогатува животот и зближува луѓето, италијанските граѓани ќе добиваат по 500 евра „бонус за култура“, на 18-тиот роденден.

Иницијативата започнува на 15 септември, а бонусот може да се потроши на книги, карти за концерти, театар, кино, музеј или за патувања во националните паркови.

Околу 575.000 тинејџери се очекува да имаат корист од оваа мерка која ќе ја чини италијанската влада 290 милиони евра, вели потсекретарот на Парламентот, Томазо Наничини за кого ова се добро искористени пари.

„Иницијативата испраќа јасна порака до младите, потсетувајќи ги дека припаѓаат на заедница им посакува дека се добредојдени откако ќе дојдат на оваа возраст”, изјави тој за италијанските медиуми.

„Тоа, исто така, ги потсетува колку е важна консумацијата на културата, како за себе – збогатување како личност, така и за јакнење на структурата на нашето општество“.

Осумнаесетгодишниците ќе можат да пристапат до овој фонд преку апликација со која може да го преземат ваучерот на нивниот телефон. Италијанската влада планира слична бонус програма во 2017 година, со тоа што на наставниците ќе им доделува по 500 евра кои ќе може да ги потрошат за нивниот професионален развој.