Истражувачи создадоа мобилен телефон кој не треба да се полни

Ново истражување на Универзитетот на Вашингтон покажа дека е можно да се создаде мобилен телефон, на кого не му е потребна батерија за да функционира.

Зачудувачки ефикасниот прототип на мобилен телефон има потреба од само 3,5 микровати енергија, а користи иновативен пристап за да ја избегне потребата од батерија. Наместо тоа, користи амбиентална моќ од радио сигнали и светлина. Соларната ќелија која  е инсталирана во него има големина колку зрно ориз.

Самиот прототип е  направен од едноставни материјали: копчиња на допир, електрично коло и други компоненти кои можат да се купат готови од продавница. Поимпресивно е тоа што тимот научници успеал да создаде базна станица која ќе трансмитира сигнал со толку мала количина на моќ.

Истражувачите успеале да примат и прават повици преку Скајп и да стават повик на чекање на втора линија. Но, научниците велат дека сакаат да го подобрат прототипот преку додавање на екран со електронско масло, можности за видео стриминг и енкрипција, за да ги направат повиците побезбедни.

Вамси Тал, ко-автор на истражувањето, вели дека технологијата која ја развиле, иако е само ран прототип, може да направи да биде возможно масовно да се произведуваат телефони без батерија.

„Би можеле да замислите во иднина дека сите репетитори или Wi-Fi рутери ќе доаѓаат со технологија на базни станици во нив“, вели Тал. „Ако секоја куќа има Wi-Fi рутер во неа, лесно би можеле да добиете и енергија за телефонот без батерија насекаде“.

//