Исечени дрвјата на плоштад Македонија

Ги снема дрвјата од двата дрвореда на плоштадот Македонија, јавува Вест. Ако се погледне зад металната ограда со која е заграден најголемиот дел од Плоштадот, поради изградба на подна фонтана, може да се види дека сите дрвја се пресечени, пишува весникот.

Сечата, од Градот Скопје ја објаснуваат со „лошата вегетативна состојба на дрвјата“ и најавуваат дека, на нивно место, ќе се садат нови садници.

Исечените 32 јавора беа засадени пролетта 2004 година, кога привршуваше реконструкцијата на Плоштадот. Во периодот кога ги садеа, дрвјата имаа веќе оформена крошна и беа високи 7 до 8 метри, додава Вест.