Ирска денеска гласа на референдум за геј бракови

Ирска денеска гласа на референдум за тоа дали да се дозволат геј браковите што може да ја направи некогаш силната католичка земја прва во светот што ја прифатила оваа политиката на општи избори.

Реформата е поддржана од страна на сите големи политички партии, од големите работодавци, до познати личности. Противниците пак, вклучувајќи одредени црковни лидери, покренаа загриженост во врска со родителството и правото на сурогатство за хомосексуалните двојки.

Гласачите се прашани дали да во Уставот да се додаде став кој ќе вели:

„Бракот може да биде договорен во согласност со законот од страна на две лица, без разлика на нивниот пол”.

Хомосексуалноста беше само декриминализирана во Ирска во 1993 година.

„Приказните што сум ги слушнал во текот на последните неколку години од обичните луѓе, на обичните работни места, овој товар и притисок што е создаден над нив, кои живеат во сенка – тоа може да се отстрани во петокот со гласање „Да”, изјави премиерот на Ирска Енда Кени оваа недела.

Референдумите во Хрватска и Словенија резултираше со повеќе гласови за „не”, иако во Словенија, парламентот отиде понапред и ги одобри хомосексуалните бракови во март.

„Ние тука велиме, дека за првпат во светот, народот на Ирска ќе може да го прошири правото на граѓански брак на сите наши граѓани”, рече Кени.

Во моментов има 18 земји кои ги легализираа хомосексуалните бракови, повеќето од нив во Европа, но, исто така, вклучувајќи ги и Јужна Африка, Нов Зеланд, Канада, Бразил и Аргентина.

Преку границата на Северна Ирска, хомосексуалните бракови се забранети и покрај тоа што е легално во остатокот од Велика Британија.

Резултатите, кои ќе бидат прогласени во сабота, ќе бидат внимателно следени од урбаната / руралната поделба. Кога гласачите го легализираа развод со многу тесно мнозинство во 1995 година, само пет од 30-те изборни единици надвор од Даблин го поддржаа предлогот.