Ирачките Курди поделени пред денешниот историски референдум за независност

Во градот Ербил, каде е популарен курдскиот претседател Масуд Барзани, се гледа возбуда, додека 200 километри источно, во Сулајманија, животот се одвива вообичаено, мажите играат домино и не зборуваат за политика, додека тешко може да се забележи знамето на Курдите.

Во пресрет на историскиот ден во Курдистан, Гардијан пишува дека во двете најголеми провинции атмосферата е сосема различна. Во Ербил, центарот на денешниот референдум за независност се чувствува празнично расположение, со знамиња поставени на улиците и транспаренти на автомобилите кои го слават одлучувањето за нивната иднина.

Во регионот Сулајманија, нешто повеќе од 200 километри источно, нема славеничка атмосфера, ниту дебата околу референдумското гласање на прашањето кое ја одбележува каузата на Курдите со векови. Во една локална чајџилница, сосема нормално поминувал денот пред референдумот  Само едно курдско знаме било поставено помеѓу врамените фотографии на револуционери, поети и учители. Ниту една од курдскиот претседател Масуд Барзани, кој ќе ги предводи ирачките Курди на гласачките места.

Графички приказ на Гардијан кои територии од Блискиот Исток се населени со Курди. Со жолта боја е регионот со Ирачки Курди кој гласа на референдумот за независност

Повеќе од две децении, Ербил и Сулајманија се двете главни ривалски центри на моќ во северниот дел на Ирак. Ербил е дом на приврзаниците на Барзани, додека Сулајманија е база на семејството Талабани – кои имаат поинакво гледање на политиката на ирачкиот Курдистан, како династија и граѓаните во оваа провинција остануваат поделени дури и во моменти во кои може да дојде до пресврт на нивната историја.

„Ирачките Курди се подготвени да платат било која цена за слободата, изјавил Барзани, пред референдумот.

Масуд Барзани ФОТО: ЕПА

Барзани, искусен лидер, кој стана претседател пред две години по спор околу поделбата на власта, е популарен во Ербил, но, не и во Сулајманија, каде некои жители ја гледаат неговата поддршка за референдумот како чин на партиска политика.

„Тоа е проблем со нашите луѓе. Нивниот ум е во нивните очи. Мислат она што го гледаат. Тие сметаат дека ова е проект створен од Барзани. Но, не се работи за политички проект. Поголемо е од тоа. Ова е прв пат во историјата во која Курдите одлучуваат за нивната судбина. Тоа мора да е засновано на нешто повеќе од личност. Она што е важно, е да ги оставиме разликите на страна и да ги понудиме нашите гласови во поддршка на нацијата“, вели Нури Кака Кан, познат локален актер додека играл домино во чајџилницата.

Над пет милиони луѓе денеска ќе одговорат на референдумското прашање „Сакате ли реонот Курдистан и курдските зони околу него да станат независна држава?“

Стравот дека референдумот може да забрза дополнителни каузи меѓу регионалното население на Курди доведе до загриженост во регионот Иран и Турција, кои имаат бројна Курдска популација на нивните територии, жестоко се спротиставуваат на референдумот и претходниот период повикуваа лидерите од двете провнции да се откажат од него. Загриженост дека референдумот може да го дестабилизира регионот изразија и САД, ЕУ и Обединетите Нации.

На 12.072 избирачки места гласаат 5.375.000 милиони граѓани со право на глас од вкупното население во Ирачки Курдистан од 5,6 милиони луѓе.

Референдумот го следат повеќе од 400 меѓународни набљудувачи и над 600 новинари, од кои една третина се од странски медиуми.

Курдите од дијаспората исто така имаат право на глас и тие од пред два дена ги испраќаат електронските избирачки ливчиња.