Интернационални студентски средби „Скомрахи“ од 6 до 10 ноември

Оваа година од 6 до 10 ноември на Факултетот за драмски уметности по 27ми пат ќе се одржи манифестацијата „Скомрахи“.

Во петдневната програма се вклучени девет академии од Балканот и Западна Европа кои ќе се претстават со девет театарски претстави, дванаесет филмски проекции и три работилници. Програмата на Скомрахи ќе ја надополни и богата офф програма која вклучува музички бендови и изложби.

Свеченото отварање ќе се одржи во Драмскиот театар во петок (06.11) во 20 часот со дипломската претстава ,,Сината соба” на класата на проф. Златко Славенски.

„Скомрахи“ претставуваат интернационални студентски средби кои за првпат се одржани во 1988 година како потреба на студентите за комуникација и размена на искуства и знаења со други академии и факултети. После распаѓањето на Југославија идејата за средбите прераснува во идеја за собирање на студенти од цела Европа.

Во изминатите години на оваа манифестација учествувале повеќе од 25 академии и факултети од Белград, Нови Сад, Љубљана, Прага, Приштина, Тирана, Сараево, Цетиње, Киев, Лоѓ, Глазгов, Братислава, Грав, Ташкент, Вроцлав, Варшава, Истанбул, Амстердам, T’ргу Муреш, Загреб, Букурешт, Солун.

Целата програма е достапна на овој линк.