Инстаграм воведе пет нови филтри

Корисниците на Инстаграм, после две години ќе добијат пет нови филтри на своите iOS и Android апликации. Освен тоа, корисниците ќе можат да ги постават филтрите онака како што сакаат да им се појавуваат во  апликацијата.

Новите филтри на Инстаграм се Crema, Slumber, Ludwig, Aden и Perpetua. Корисниците исто така, ја имаат можноста да го променат редоследот на филтрите или да ги скријат оние што не ги користат.

Ова е првпат компанијата да ги обнови филтрите откако последен пат тоа го направи со Mayfair и Willow во декември 2012 година. Апликацијата сега има вкупно 24 опции на филтри. Истаграм вели дека новите филтри се инспирација од подобрувањата на камерата кај паметните мобилни и креативноста на нивните корисници.