Instagram Stories повеќе нема да исчезнуваат после 24 часа

Инстаграм претстави приватна архива за фотографиите што корисниците ги објавиле на апликацијата преку опцијата Story. Таа досега се користеше за споделување на видеа или слики кои корисниците не сакаа да останат на нивните профили.

Опцијата потсетува на верзијата што ја воведе Снепчет пред една година, нарекувајќи ја Memories, со таа разлика што Инстаграм ќе дозволи да се споделуваат стари објави преку опцијата што компанијата ја нарече Highlights.

Корисникот ќе може да ги сочува старите објави преку Story на едно место, да ги именува, да ги сподели на својот профил, каде што ќе се појават над другите објави.

Од компанијата велат дека новата опција претставува најголемата промена што ја направиле на профилите во изминативе години.