Инстаграм ќе известува за секој „screenshot“

Инстаграм тестира алатка која им покажува на корисниците кога некој ќе направи „screenshot“ (ќе го сними екранот) од нивната објава. Корисниците кои веќе ја имаат оваа опција се дел од тестирањето на Инстаграм и добиваат известувања секој пат кога некој ќе одлучи да сними што тие имаат објавено на социјалната мрежа.

Сопствениците од чии објави и фотографии друг корисник направил „screenshot“ , нема да добиваат известувања по автоматизам, туку покрај името на тоа лице во листата со корисници што ја прегледале поставената содржина се додава симбол на сонце.

Според најавите, можноста за известување наскоро ќе ја добијат сите корисници на Инстаграм.