Инклузивниот мјузикл „Волшебно патување“ од Белград во Битолскиот театар

На покана на Народниот театар-Битола вечер на театарската сцена во овој град ќе гостува инклузивниот мјузикл „Волшебно патување“ од Белград, за кој сценариото и режијата ги подготви Ѓорѓе Макаревиќ.

Инклузивниот мјузикл „Волшебно патување“ од Белград во Битолскиот театар

Мјузиклот е адаптиран според текстот на Жилн Верн „Пат околу светот за 80 дена“. Во претставата главните улоги ги толкуваат шест аутистични млади момчиња и една девојка со оштетен слух, а на сцената ќе настапат и професионалци, балетски играчи, фолклористи и хорот на АКУД „Лола“ од Србија.

– Овој мјузикл покажува вокални и играчки способности на децата со аутизам и е на вистинскиот пат за интегрирање на оваа популација во културниот живот. Главните улоги ги играат лицата со аутизам и нивните родени браќа и сестри, и во тој сегмент се воочува поддршката на семејството. Оваа е единствената можност да се види претставата каде во прв план се истакнати лица со инвалидитет, а на кои директна поддршка на сцената им овозможуваат професионалци, информираат од НУ Народен театар-Битола.

Инклузивниот мјузикл „Волшебно патување“ е подготвен и инспириран од успешната промоција на ЦД-то „Вилинска песна“ кое го снимиле децата со аутизам, а премиерно бил изведен на 1-ви април минатата година во Белград по повод Светскиот ден на аутизам.