Иницијатива во Америка да се постави лик на жена на банкнота од 20 долари

Сенатот во Америка ќе ја разгледа можноста да ја поддржи кампањата да постави лик на жена на банкнота од 20 долари, пишува Washington Post.

Оваа информација пристигна откако претходно сенаторката Jeanne Shaheen воведе иницијатива со која бара од Министерството за финансии да организира панел со граѓани на кој би се разговарало за идејата. Таа го најави воведувањето на законот во средата.

„Нашата хартиена валута е важен дел од нашето секојдневие и ги одразува нашите вредности, традиции и историја како Американци. Одамна се вклучува придонесот на жените. Неверојатната поддршка за оваа идеја покажува дека постои силна поддршка за една жена  да биде новото лице 20 долари“, изјави Shaheen.

Доколку се усвои, Комитетот формиран од Shaheen ќе го советува секретарот за финансии за своите наоди. Од Канцеларијата на сенаторото велат дека оваа кампања е „надополнување“ на кампања која го покрена прашањето за жените да се најдат на валутата претходно оваа година.

Кампањата насловена „Жените на 20ки“ побара од своите поддржувачи да изгласаат која жена би сакале да го заменат Andrew Jackson на банкнотата од 20 долари. Од листата во која биле вклучени 15 жени, биле избрани четири финалистки – Eleanor Roosevelt, Harriet Tubman, Rosa Parks и Wilma Mankiller, прва жена на нацијата Чироки.

Претседателот Обама пак, е отворен за оваа идеја.

„Минатата недела, млада девојка ми пиша за да ме праша зошто нема жени на нашите валути. Тогаш таа ми даде долга листа на жени кои би можеле да бидат поставени на нашиот долар што мислам дека е доста добра идеја“, рече претседателот во еден говор во јули.

Последниот пат кога Министерството за финансии направи значителни измени на портретите од хартиените банкноти беше во 1928 година кога Jackson го замени ликот на поранешниот претседател Grover Cleveland.

Окако беше претставен, Shaheen ќе го поднесе законот до Комитетот за банкарство, домување и урбанистички работи.