Информатијада 2014 во Охрид од 8 до 12 октомври

Од 8 до 12 октомври градот Охрид ќе биде центар на ИТ случувањата во Македонија, но и на Балканот. Студентскиот парламент при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство го најавува петдневното интернационално ИТ дружење – Информатијада 2014.

информатијада 2014: најголемото ит дружење на балканот

Со целосна поддршка од универзитите во Македонија, но и од факултетите на Балканот, повеќе од 400 студенти – информатичари ќе имаат можност да присуствуваат на предавања и работилници на познати ИТ експерти од регионот, но во исто време да се натпреваруваат и забавуваат.

Информатијадата треба да придонесе кон размената на искуства и контакти помеѓу студентите, но и за отворање нови можности за понатамошна соработка и уште многу проекти на интернационално ниво. Домаќин на петдневното ИТ дружење ќе биде хотелот Десарет во Охрид, а за сите останатите информации погледнете на веб локацијата www.informatijada.mk.