Индиец сам направи пат за неговите деца да можат почесто да се враќаат дома

Човек од индиската држава Ориса изгради пат долг осум километри користејќи единствено секира и лопата за неговите деца кои се школуваат во соседниот град да можат да го посетуваат почесто.

45-годишниот Џаландхар Најак живее во зафрлено село, оддалечено десет километри од школото во кое учат неговите три сина.

Но, транспортот одзема три часа бидејќи момчињата мора да поминат пет ридови за да стигнат до својот дом.

Локалните власти изјавиле дека тие ќе ги доградат останатите седум километи од патот.

Во изминативе две години, тој секое утро излегувал со својот алат и поминувал осум часа дневно за да ги отстране камењата.

За локалните медиуми изјавил дека се надева оти неговите синови ќе можат да си доаѓаат дома почесто за викенди или празници, откако патот ќе биде завршен.

Патот, долг 15 километри, ќе го поврзи селото на Најак со градот каде се наоѓа училиштето.

Властите, кои сега ја презедоа конструкција на патот велат дека Најак ќе биде платен за работата што ја направил.

Најак вели дека е пресреќен што патот ќе биде завршен од властите. Тој додава дека побарал од нив и да го обезбедат селото со електрична струја и питка вода.

Тој нагласи дека не барал, ниту добил некаква помош од локалните власти, кои дознале за она што го правел откако се појавил во локален весник овој месец.

„Бев импресиониран да дознаам дека одлично се погрижил да не биде пресечено ниту едно дрво при изградбата на патот“, вели локалниот новинар Сибашакти Бисвал, кој прв го интервјуирал Најак.

Тој додаде дека делот од патот што Најак го изградил е доволно добар дури и за автомобили да возат по него.