#Ијасимамцел – со подарување маичка до поголема свест за целите за глобален развој

Во септември 2015, земјите во светот усвоија 17 цели за глобален развој за да се стави крај на сиромаштија, да се заштити планетата и да се обезбеди просперитет за сите. За да се остварат целите до 2030 година, секој може да придонесе на свој начин – владите, приватниот сектор, невладиниот сектор но и сите ние како поединци.

Токму за подигнување на јавната свест за овие цели, Канцеларијата на Обединетите Нации во Скопје направи мала кампања на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, во соработка со неколку македонски дизајнери. Нивната задача беше да ја нацртаат нивната визија за #2030сега, односно како ќе изгледа светот откако ќе се остварат целите, а граѓаните кои сакаат да добијат маичка со некој од дизајните треба да споделат на социјалните мрежи.

Откако ќе се сподели омилената цел, користејќи ги хаштаговите #ијасимамцел и #2030сега треба да се пополни и формата за контакт за да се добие маичка.

Предизвикот започна вчера, по повод Светскиот ден на Обединетите Нации, а ќе трае до денес, во 17 часот. Омилената цел може да се избере на следниот линк.